Во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија, УКП, Службата за сузбивање криминал и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во Скопје е уапсен С.М. (1984).
При претрес на стан и други простории во Скопје каде што престојувал, пронајдени се лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, помала количина марихуана, пиштол марка „ЦЗ“ и муниција.
Како што се сомнева, С.М. во претходниот период илегално преминал на територијата на Македонија и во земјата, според сомнежите, планирал извршување на тешки кривични дела за сметка на членови на криминална група на која ѝ припаѓа, најверојатно кривично дело убиство. S
