Во Штип дебата за „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Велика Бритинија, Рејчел Галовеј синоќа беа дел од трибината за НАТО, која ја организира Инфо центар за евроатлански интеграции. Министерот за надворешни работи, Димитров вели дека веќе 26 години нашата земја сака да биде дел од НАТО, заради безбедност, демократија, правдина.

-Ова е зацврстување на темелите и зацврстување на покривот да не не врне, а ЕУ е планот за реновирање и чистење внатре. Пораката дека сме ние во НАТО е порака дека таковината ни е тука да остане во овие граници, вели Димитров.

Забележа дека изгледите на нашата земја да стане членка на НАТО, кон крајот или почетокот на годината ни носи и поголема стабилност, инвестиции, економски бенефит. Кредитниот рејтинг, рече, ни се подобри, но и имаме одговорност да се споделува колективната безбедност и да се инвестира во Армијата и одбрабрените сили.

Министерот за надворешни работи, Димитров вели дека останаа уште шест држави кои треба да го ратификуваат пристапниот протокол, по што на крајот на годинава или на почетокот на 2020 година нашата земја ќе стане членка на НАТО. Тој е општимист и очекува почеток на едно ново поглавје за нашата земја со ЕУ и за она што ја очекува кон средината на октомври

-Влогот е голем и речиси е срамота да се каже не, денес на Северна Македонија, вели Димитров.

Што се однесува за барањата на Бугарија, и вчерашното објавување на нов документ, Димитров вели дека многу е важно и нашиот сосед да биде голем.

-Ние почнавме еден многу важен историски процес на спријателување и зближување, ама основата ако сакате да успее тој процес треба да биде разбирање на тој другиот. За нас многу е важен македонскиот идентитет, македонскиот народ, ние зборуваме македонски јазик. Тоа разбирање за заедничата историја мора да оди заедно со разбирањето за денешнината. Јас не мислам дека ова може да биде доведено во прашање или да биде услов за нашиот пат кон Европа, не смее да биде, не во 2019 година и не во Европската унија, вели Димитров.

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј истакна дека оваа година во Лондон ќе се одржи голем состанок на НАТО алијансата и очекува Република Северна Македонија да ја види таму како членка.

-Знаете Република Северна Македонија подолг период е дел од НАТО, но сакаме да ја видиме како партнер, сојузник и секако сакаме да ја видиме како сојузник на маса со останатите членки на НАТО, вели Галовеј.

Панел дискусијата на тема „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО“ се одржа во организација на Инфо центар за евроатлански интеграции, а е проект спроведуван од Граѓанската асоцијација МОСТ и е поддржан од Министерствата за надворешни работи на Холандија, Република Северна Македонија и  Британската амбасада во Скопје.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ