Во Крива Паланка дистрибуирана училишната опрема донирана од Europ’Raid од Франција

На 8 август годинава екипите на Europ’Raid од Франција кои ги сочинуваат млади авантуристи кои патуваат низ светот со автомобили „Пежо 205“ при тоа запознавајќи ги природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на најразлични земји во светот, престојуваа во Крива Паланка, како најголема франкофонска лулка во нашата земја.

20190904_105807

20190906_100323

Оваа година од 27 јули до 17 август, се одвиваше шестото издание на Europ’Raid, но ова беше нивно прво авантуристичко патување низ Европа каде екипите имаа можност да посетат 20 европски земји за 23 дена и да донираат опрема за учениците од Западен Балкан. Имено во рамките на нивната европската авантуристичка турнеја, тие престојуваа Крива Паланка при што донираа три тони училишен и канцелариски материјал, спортска опрема и хигиенски средства на ООУ”Јоаким Крчовски”.
Младите франкофони од ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, иако беа на летен распуст, со задоволство подготвија франкофонски музички хепенинг под менторство на проф. Елена Николовска во знак на благодарност за донираната училишна и спортска опрема од страна на екипите на Europ’Raid од Франција. Ова е голем поттик и предизвик за нив со цел континуирано да го изучуваат и усовршуваат францускиот јазик и во иднина.
Веднаш по завршувањето на настанот, во текот на месец август, од страна на училишниот тим во состав: Елена Николовска, Тања Димитровска Шкрбиќ, Анета Ѓоргиевска Спасевска, Наташа Стефановска и Далибор Стоилковски, донираната опрема беше селектирана и распределена по категории.

20190905_095030 На самиот почеток на учебната 2019/2020 година, т.е. на 3 септември годинава, започна дистрибуирањето на опремата при што први се израдуваа франкофоните од ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, учесници на музичкиот хепениг кои беа почестени со присуството на делегација од Општина Крива Паланка предводена од Градоначалникот Борјанчо Мицевски, директорот на училиштето Дане Петровски и проф.Елена Николовска, а подароците лично им беа врачени од страна на Градоначалникот кој воедно ги охрабри и понатаму да го усовршуваат францускиот јазик и да нè претставуваат како вистински амбасадори и во иднина.

с

70248222_491754861645454_5693012273635786752_n “Во изминатиот период, сите ученици од подрачните училишта во с.Дурачка Река, с.Станци, с.Жидилово, с.Узем, с.Дубровница, с.Подржикоњ, с.Огут, с. Луке и с.Нерав, добија ранчиња со разновиден училишен материјал, спортска опрема и хигиенски средства како и дополнителни резерви училишен материјал кој ќе можат да го користат во текот на целата учебна година. На учениците од ранливите категории им беа доделени ранци полни со богат училишен материјал, хигиенски средства и малку облека, а солзите радосници во нивните очи допираат до секое срце. Среќна сум што успеав барем за момент да ги израдувам.” – вели Николовска.

received_551716985569860 Дел од опремата, донација од инвалидски колички и училишен материјал беше пренаменета за дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Крива Паланка. Исто така, дел од донацијата беше дистрибуирана во Ученичкиот дом “Боро Менков” и ОО Црвен крст – Крива Паланка.
“Уште еднаш сакам да упатам голема благодараност до екипите на Europ’Raid кои поминаа илјадници километри за да донираат опрема во нашето училиште. Голема благодарност до Амбасадорот на Франција, г-дин Кристијан Тимоние и делегацијата на Амбасадата на Франција за постојаната соработка, несебичната поддршка и избор на Крива Паланка да биде град-домаќин на овој настан, како најголема македонска франкофонска лулка. Голема благодарност до Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г-дин Борјанчо Мицевски кој со задоволство прифати овој настан да се организира во нашиот град и за неговиот придонес во реализацијата на истиот. Голема благодарност до учениците за музичкиот хепенинг како и до сите останати служби кои се вклучија во организацијата при што се покажавме како добри домаќини.” – истакна Николовска.

69838133_535134873902743_2767742286354710528_n20190913_16421470620064_2368909683383351_671480220758310912_n

70774116_2619658761601411_4858741097163128832_n 20190904_180704

ее

20190905_110215

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e