Во Битола пронајдена неактивирана артилериска граната од Прва светска војна

Неексплодирана артилериска граната 105мм од Прва светска војна пронајдена во бунар во двор на викендичка во Битола.

Како што соопшти МВР, Ј.Д. од Битола вчера во 16:05 часот пријавила дека во бунар во дворот на нејзината викендица во месноста викана „Бимбил Камен“ пронашла една артилериска граната 105мм, која потекнува од Првата Светска војна.

Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната за понатамошна постапка.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e