Владата обезбеди 4,5 мил.евра за реконструкција на патните правци Кр.Паланка-Ранковце и Узем-Тораница

Инвестициите во патната инфраструктура се од клучно значење за економскиот раст и развој на Република Македонија. Во таа насока, како програмска определба на Владата е квалитетно подобрување на патната мрежа во Република Македонија и подигнување на безбедноста на патиштата на повисоко ниво. За таа цел, во наредниот период ќе влеземе во еден инвестициски циклус од преку 86 милиони евра за реконструкција на патната мрежа во земјата. Голем дел од овие патишта ги ветивме во нашата програма, а дел се нови патишта за кои обезбедивме средства од меѓународни финансиски институции. Во наредниот период фокус ќе ставиме на реконструкција на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина од преку 420 километри и инвестиција од над 86 милиони евра, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

За во кривопаланечкиот регион, владата на премиерот Заев обезбеди средства за реконструкција на патниот правец Крива Паланка-Ранковце, во должина од 21 км, со проценета вредност од 3 милиони евра, и реконструкција на патниот правец Узем-Тораница, во должина од 9 км и проценета вредност од 1,5 милиони евра.
Министерот Сугаревски потенцира дека реконструкцијата на сите овие патни правци би била реализирана во наредната година до две најмногу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e