ВИДЕО: Свирежи и „Проклети да се предавниците“ за професорка во прилепската гимназија

Ученици во дворот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ со свирежи ја пречекаа една професорка која не дозволува средношколците да одат на протест за време на наставата.

Родителите вчера го кренаа гласот против директорот на гимназијата кој ги тераше учениците да одат на протест и да ја одбранеле Македонија.

А1он објави порака на Вибер од висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп до членови на Унија на Млади сили во Прилеп од кои го побара во денешниот упад во гимназијата Мирче Ацев „да ги исплашат комуњарите“.

Лицето кое до А1он ја испрати пораката вели дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но дека секој родител треба да го види разговорот и да размисли дали децата им се сигурни кога ги праќаат на училиште.

Директорот на гимназијата, кој во изјава за медиумите кажа дека не се кае за политичкиот говор кој го одржа пред средношколците вчера не беше дојден на работа, а вратите на демонстрантите и уленици од друго училиште им ги отворил заменик-директорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e