(ВИДЕО) Љупчо Николовски: Причина за радост денеска е рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка – Ранковце, современ пат за брзо поврзување

-Да ги овозможиме условите за да тргуваме, комуницираме, да растеме! – порача денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој заедно со претседателот на партијата Зоран Заев извршија увид на завршните активности за реконструкција на патниот правец Ранковце – Крива Паланка.

1

„Многу се радувам на сите успеси кои се остварија изминативе две и пол години. Секако, радоста е исто така огромна кога ја делам со моите сограѓани од Крива Паланка за нешто што е направено во овој регион. Причина за радост денеска е рехабилитацијата на патниот правец Крива Паланка – Ранковце. Добиваме современ пат, брзо поврзување, овозможуваме ефикасност за целиот регион.“ – рече Николовски.

3

Тој потенцираше дека со средства во висина од 2, 6 милиони евра, преку Европската банка за обнова и развој, ова е долгорочна инвестиција, која на жителите од овој крај ќе им донесе голем бенефит.

2

„Во моментов активно се работи на 400 километри патишта, а се очекува во втората половина од оваа година да се започне со рехабилитација на уште преку 200 километри патна инфраструктура. Можеме уште повеќе и уште подобро. Развојот продолжува со фантастичната програма која ја имаме подготвено за следниот мандат. Се надевам дека секој од вас ќе има можност да ја прочита, а мене ќе ми биде задоволство да ја дискутираме заедно кога ќе направиме средба.“ – поача Николовски споделувајќи видео од новиот изглед на патот кој е еден од покрупните капитални проекти во североистокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e