(ВИДЕО) 10 милиони денари ќе даде државата за проект за брана на река Отиња

Ќе се дополнува техничката документација за брана на река Отиња. Ова од Штип денес го најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски, по средбата со штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Потребните измени и дополнувања ќе ги работи општина Штип, со финансиска поддршка на ресорното министерство :

  • 10 милиони денари предвидовме за оваа 2018-та година, се со цел да се поддржи општината Штип при обнова на целокупната документација за овој капитален проект, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Со работа на документацијата ќе се започне веднаш, по што ќе се размислува на конкретни градежни активности :

  • Драго ми е што овој проект е високо на агендата на Владата на Република Македонија, бидејќи за Општина Штип претставува еден од врвните приоритети, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Поддршката на општина Штип во делот на доработка на документацијата е дел од поголема програма на Министерството :

  • Во делот на оваа програма, ова ќе биде прва година во којашто она што го ветивме на граѓаните дека над 10 милиони евра годишно ќе инвестираме во системите за наводнување, ќе го реализираме, дополни Николовски.

Според пресметките на авторот на првиот проект на браната на река Отиња изградбата ќе чини максимално 1, 6 милиони.евра.

ТВ СТАР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e