Уапсено едно лице на „Деве Баир“, се однесувал агресивно кон полицаец

На 02.02.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Е.(28) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола се однесувал агресивно и попречувал полициски службеник во вршење на службени дејствија. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e