Младите од ЛК СДММ Струмица организираа трибина за европските можности за младите после промените во Република Македонија. На трибината се обрати Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, Рената Јајоска, потпретседателка на Младите Европски Социјалисти и Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица.
Македонија врти нова страница во која младиот човек ќе биде приоритет број 1. Нашата цел е да ги задржиме младите во Македонија, да овозможиме работа и квалитетно образование за сите. Во претстојниот период целосно ќе бидеме посветени на решавање на младинската невработеност и спречување на одливот на млади мозоци, информираат од владејачката партија.