Трагедија во Гази Баба: Скопјанец починал додека возел

Според информациите на МВР, денеска во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје.

Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e