ТИЕ СЕ НАШАТА ВОДИЛКА КОН ЗДРАВО И КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, Николовски на утринско кафе со професорите од Крива Паланка

Кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски првото утринско кафе го испи со како што вели, нашите почитувани професори, столбот на нашето образование, на нашата образовна патека.
– Секојдневно ги слушаме нивните сугестии, предлози, тие се нашата водилка кон здраво и квалитетно образование. Го вративме достоинството и почитта кон професијата наставник, посочи Николовски.
437931621_820275766792843_5716953884840910091_n
🤝Ветено и реализирано:
✅40 000 денари, просечна плата
✅За прв пат регрес за годишен одмор.
👍До 2028 година:📈
✅45.000 просечна плата за вработени во основно образование.
✅48.000 денари просечна плата за вработени во средно образование.
✅80.500 денари за вработени во високо образование.
– Имаме конкретна програма и јасен план за иднината на европска Македонија. Докажавме дека за нас дадениот збор важи. Имаме план и знаеме како да сработиме уште подобро, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e