На 24 април 2020 година во 15.45 часот во ПС Тетово, Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22 април 2020 година околу 20:00 часот додека на ул. „142“ го шетал своето куче – раса белгиско- германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – турски кангал којшто неговиот сопственик, го шетал без ланец и заштитна маска. При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од „кангалот“, а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот. По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта, а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка бплница Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот.