Тешко повреден малолетник откако бил удрен со автомобил

Во сообраќајка во Неготино повредно е малолетно лице кое се здобило со тешки повреди. Според пријавеното во МВР, вчера во 18,20 часот било пријавено дека во Неготино, на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило “фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки управувано од Л.А.(32) од Неготино удрило во малолетен пешак од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e