Тешка сообраќајка на Стража, настрадаа две млади момчиња

На 12.02.2023 во 22.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e