Струмица добива модерен откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи вреден 6.2 милиони евра

Денеска централниот караван на СДСМ, заедно со министерот за земјоделие, со пратениците, со сите функционери од овој Струмички регион сме денеска токму во Општина Струмица и во околните општини.

Да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со граѓаните се со цел да разговараме и за проблемите и за решенијата и за она што го нудиме за следниот чист мандат за новата влада предводена од СДСМ. Токму во Струмица денес ќе се одржи Централната трибина. Како дел од агендата “20-24” на којашто ќе разговараме за идните предизвици во делот на земјоделството. Ова е дел од програмата “ План за живот” во кој што во најголем дел од мерките, политиките, она што е ветено пред граѓаните веќе е реализирано.

Затоа денес во Струмица со гордост може да го потенцираме и повториме проектот за модернизација на земјоделството. Проект на којшто СДСМ оваа Влада, министерството работеше во сите изминати месеци односно, две години интензивно се работеше да го финализираме. И пред два дена во Бордот на Светска Банка веќе е донесена одлука со којашто проектот за модернизација на земјоделството на Северна Македонија е одобрен, односно се одобруваат 46 милиони нови средства и пари за земјоделството. Од овие 46 милиони, 32 милиони евра се токму за изградба на откупно дистрибутивни центри. На тоа се потпираше и програмата и ветувањата на СДСМ за подобрување на состојбата во аграрот и за подобрување на откупот и пласманот на земјоделските производи. Еден од овие откупно дистрибутивни центри ќе се гради во Струмица и во Струмичко, односно 6,2 милиони евра се предвидени токму за откупно-дистрибутивен центар којшто ќе се гради во овој регион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e