Стојанова-Богоевска: Чадиев излажа, мандатот му завршува Генерален план за Велес нема

Прес конференција
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 17.03.2017

Почитувани граѓани,

Четиригодишниот мандат на актуелниот градоначалник Славчо Чадиев истекува за еден месец, а Генерален урбанистички план за Општина Велес се уште нема.

Ова беше едно од најголемите ветувања на локалната власт, кое до денес останува неостварено. Поради немањето Генерален урбанистички план, нема нови улици, нема решавање на многу долгогодишни проблеми во урбанистичкото планирање. Нема ниту нови локации за изградба на објекти во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот.

Генералниот урбанистички план требаше да ја прикаже пошироката визија за намена на градежното земјиште ( приватното и во сопственост на државата ), планираната инфраструктура, како што се патната мрежа, комуналната инфраструктура, електрика, водовод и канализација и слично, како и за заштита на веќе изграденото културно наследство.

Овој битен стратегиски документ е насока за натамошен развој на Велес преку сеопфатен пакет на мерки и стандарди во урбанистичкото планирање.

Неодговорното и несериозно владеење на Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ ја остави општината без донесен ГУП и го кочи натамошниот развој на Велес.
Општина Велес не заслужува ваква несериозна локална власт.
По промените во централната власт, следуваат промени и на локално ниво. Општина Велес ќе добие одговорна и сериозна локана власт која ќе се грижи за интересите и правата на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e