Спортистите во Ѓорче останаа без сала поради Арсовска и нејзиниот секретар

Жители на скопската општина Ѓорче Петров реагираат дека спортистите од клубовите немаат каде да тренираат затоа што салата „Ѓорче Петров“ во склоп на гимназијата „Кочо Рацин“ е затворена, како што велат, по налог на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Спортистите, од најмали до најголеми, беа приморани викендов да тренираат на отворено на минусни температури.

-Поздрав до “големиот мафијаш” од Ѓорче Петров кој глуми градоначалник на Град Скопје и ги брка спортистите за да ја земе салата под концесија и да правел нова Форца.
Е сега вака да ти кажеме на тебе “мафијашу и мангупе” ниту салата ќе ја земеш ниту спортистите ќе ти се исплашат.
Џабе пушташ инспекции ти и тоа секретарчето на Град Скопје да знаеш дека ова ќе го расчистиме.
Данела Арсовска, реагирај и прибери си го другарчето или ќе докажеш дека ти си со него.
И немојте со закани да не лутите, порачаа дел од жителите видно револтирани од оваа постапка на надлежните.

Жителите побараа одговори каде да тренираат младите спортски надежи, но и дали е вистина дека е планирано салата да се земе под концесија, за како, што велат, да се прави нова Форца.

-Градоначалникот Александар Стојкоски да одговори зошто девојчињата од Ѓорче Петров – ЖРК не ножат да тренираат во салата во ООУ Тихомир Милошевски!
Градоначакничката Данела Арсовска да одговори зошто ракометарите на RK Makedonija Gjorce Petrov не можат да тренираат во салата во СУГС Кочо Рацин.
Вака ли се грижите за спортот во Ѓорче? Нели ви е срам? – велат ѓорчепетровци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e