Советот на млади – Крива Паланка со донација за семејството чија куќа целосно изгоре

Дел од членовите на Советот на млади – Крива Паланка денеска со личен пример покажаа дека хуманоста им е силна страна. Имено, тие во рамки на своите можности донираа храна, облека и хигиенски средства на семејството Аврамовски од кривопаланечкото село Луке чија куќа беше целосно изгорена во пожар пред неколку дена.

-Денеска излеговме на терен да ги посетиме нашите сограѓани коишто трагично го изгубија својот дом, освен зборови за поддршка и мотивација, Советот на млади донираше облека, прехрамбени производи и средства за хигиена. Активно ја надбљудуваме ситуацијата и сме спремни да помогнеме со сите расположливи капацитети. На семејството Аврамовски пред се им посакуваме добро здравје и што побрзо да ја надминат оваа несакана ситуација! – порачаа младите ентузијасти.

По веста за несреќата која го снајде ова семејство во организација на Љупчо Николовски како и општествено одговорни компании од Крива Паланка се мобилизраа сите капацитети за брза помош за изградба на нов дом за семејството во кое има две малолетни деца.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e