АПЕЛ за помош на семејството чија куќа изгоре во кривопаланечкото село Луке- Еве каде може да донирате!

Во организација на Љупчо Николовски како и општествено одговорни компании од Крива Паланка, семејството од сeло Луке чија куќа викендот изгоре до темел, ќе добие нов дом.

“Семејството нема да го оставиме. Сите заедно ќе донираме за нов дом” – порача генералниот секретар на СДСМ Николовски.

„Механизација на ЈП „Комуналец“ веќе работи на терен. За утре е најавена донација во градежни материјали од бизнис заедницата од Крива Паланка но и мебел и апарати за домаќинството.“ – информираше градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

апел

Станува збор за куќата на Роберт Аврамовски каде живее четиричлено семејство со две малолетни деца, чија покуќнина, мебел и лични работи ги однесе огнената стихија.

Сите хумани граѓани и компании може да донираат на сметка за донации во НЛБ Тутунска Банка: 210 501672364 439, или да се обратите до општинскиот Црвен Крст или локалната самоуправа на Крива Паланка.

кука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e