Сообраќајка кај Ранковце, повредени две лица

Повредени се две млади момчиња.
Вчера на патот во селото Ранковце, Кривопаланечко, товарно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(28) од Куманово излетало од патот.

Во несреќата возачот М.Ц. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот А.Ц.(20) од с.Гиновци, Општина Ранковце со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Куманово, соопшти МВР.

Увид извршила увидна екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e