Смртно настрада велосипедист во центарот на Куманово

На 24.01.2023 во СВР Куманово било пријавено дека во 14.00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(32) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Ж.Ј.(70) од село Режановце, Кумановско, по што го напуштило местото.

Ж.Ј. бил пренесен во болницата Куманово, но поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 6.00 часот на 25.01.2023 починал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e