Шилегов на трибина „Чекор по чекор за Скопје – Две години со Петре Шилегов“

Вечерва во Културно-информативниот центар во Скопје се одржа трибина „Чекор по чекор за Скопје – Две години со Петре Шилегов“ на која присутните имаа можност да дискутираат за сработеното на првиот човек на Град Скопје Шилегов и неговиот тим во изминатите две години.

-Се наоѓаме на половина од мојот мандат. Можам да кажам дека решивме бројни напластени проблеми чекор по чекор. Ги решававме на начин на кој нема никогаш пповеќе да ни се повторат. Скопје е неисцрпна тема која од ден на ден раѓа нови приказни. Скопје кога ќе ви влезе под кожа – работите со сета душа и срце!“ – рече Шилегов во своето обраќање пред присутните.

Градоначалникот на Град Скопје во дискустијата се осврна на јавниот транспорт како и на проблемот со згадувањето.

-Ќе бидат набавени 33 еко автобуси на гас, ги ослободуваме јавните површини за алтернативниот сообраќај, урбаната опрема е во функција на заштита на пешачките простори и нивно разубавување. порача Шилегов.

Сервисни станици за велосипеди се поставени на различни локации во градот, отворен е првиот памптрак кај Олимписки базен во Скопје, направени се осум нови паркови за миленици, нови заштитени површини за пешаците и велосипедистите, нов концепт за управување со отпад, повторно е отворен Музејот на илегалната работилница за изработка на оружје од НОБ, ГТЦ доби галерија на уличната уметност насловена како „Градот убав“, вратена е пораката на Тито на Музејот на Град Скопје, Скопје го доби паркот „Ибни Пајко“ во центарот на градот кој стана новото омилено место за граѓаните. – беше порачано на трибината.

Шилегов информираше дека веќе е формирано претпријатието „Градски енергетски системи“ дека очекува до крајот на годината да биде одобрено барањето за лиценца од Регулаторната комисија за енергетика и да се започне со дистрибуција на топлинска енергија.
ФОТО: Борче Поповски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e