Селото Лажани е под вода, се врши евакуација на загрозените жители

Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп соопшти дека попладнево Општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани биле зафатени од поројни дождови што предизвикале поплавување на повеќе населени места од опшината Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.

„Најкритично е во селото Лажани каде што поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите“, велат од ЦУК.

Според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени заради поплавувањето на подрумските куќи се верши евакуација на загрозените жители на селото Лажани со помош на трактори, наведоа од Центарот.

Во моментот ангажирани се 2 багери. Од Територијалната противпожарна единица Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e