Секој матурант од Крива Паланка доби по 3.000 денари

Денес, од страна на Општина Крива Паланка, беа исплатени средствата за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“ во висина од 3.000 денари за секој матурант, како симболична поддршка во пресрет на нивната матурска вечер.

– Ова е четврта година по ред како ја реализираме оваа мерка, затоа што искрено верувам дека младите заслужуваат внимание, поддршка и чувство дека нивниот град е секогаш со нив во најважните животни моменти. Од срце им посакувам незаборавна матурска вечер, исполнета со радост, насмевки и убави спомени, порачаа од локалната самоуправа.
– Нека оваа вечер биде само почеток на еден нов, успешен и среќен животен пат. Бидете горди на себе, верувајте во своите соништа и секогаш со љубов носете ја Крива Паланка во срцето, порача првиот човек на општината Сашко Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e