Се судрија полициско возило и ауди

Во текот на вчерашниот ден во 13,35 часот на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет Спарк“, сопственост на МВР, управувано од Г.Л.(41) и патничко моторно возило„Ауди“ со скопски регистерски таблици, управувано од И.Т.(37) од Скопје. Во негодата И.Т. и неговиот четиригодишен син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e