СДСМ Велес: Чадиев ги излажа жителите на село Сојаклари, ново училиште нема!

Прес конференција
Марјанчо Јорданов, Секретар на ОО СДСМ Велес
Велес, 11.04.2017
Почитувани граѓани,

Иако пред четири години, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев на жителите на село Сојаклари им вети нова училишна зграда, уредено спортско игралиште, заграден и уреден училишен двор и нов кров на училиштето, без сегашните штетни и опасни по здравјето азбестни покривни плочи, денес, училиштето се уште е во лоша состојба.

Како што може да се забележи, освен ситни козметички интервенции, не е спроведено ништо значајно од најавените крупни инвестиции. Жителите на Сојаклари се излажани од страна на градоначалникот Чадиев.

Освен лошите услови, ова училиште, кое е подрачно училиште, според наши сознанија, има долгови кон локалниот водовод за неплатени сметки во висина од над 35.000 денари и наскоро е можно сметката да биде блокирана од страна на извршители.

Почитувани граѓани,

Општината слабо ја реализираше програмата за образование за кои беа планирани околу 5.600.000 денари. Истовремено, реализацијата на капиталните расходи е едвај половина од она што им беше ветено на граѓаните.

Ваквата негрижа за потребите на граѓаните и неостварените ветувања на Славчо Чадиев и ВМРО ДПМНЕ наскоро завршуваат. По промените на централно ниво, доаѓаат промени и во Велес. Општина Велес ќе добие нова одговорна власт, а жителите на Сојаклари и останатите села ќе добијат квалитетни услови за живот и образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e