Прес конференција
Митко Керов, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Кавадарци
Кавадарци, 11.05.2017
Почитувани граѓани и земјоделци. Освен што земјоделците се оставени без егзистенција поради неземените субвенции што им следуваат по закон и штетите по родот од временските неприлики во овој период од годината, земјоделците од овој регион се соочуваат со уште еден голем проблем.
Се наоѓаме на местото викано Трстеник. Овде се наоѓа каналот за наводнување наречен МАКАРИЈА што е во сопственост на Владата на Република Македонија.
Голем број земјоделци кои го користат овој канал, со години се жалат на недостигот од вода за наводнување. Веќе 10 години земјоделците немаат вода кога таа им е најпотребна бидејќи каналот не е во функционална состојба.
Главниот проблем е неодржувањето на овој канал, кој е запуштен и веќе неколку години е во катастрофална состојба. Симфоните на каналот се стари над 50 години и се уништени од ерозија. И покрај бројните апели во последните 10 години, надлежните не презедоа ништо да го санираат каналот. Негрижата на надлежните инситуции за состојбата со овој канал резултираше со штети врз посевите на локалните земјоделци.
Почитувани граѓани, почитувани земјоделци,
Наскоро Македонија ќе добие нова реформска влада, влада која ќе се грижи за потребите на сите граѓани. Проблем со каналот за наводнување ќе биде решен.
Новата Влада вистински ќе се грижи за земјоделците. Тие ќе имаат соодветни и олеснети услови за работа како и повиски редовно субвенции за да можат достоинствено да работат и живеат од земјоделието.