“Во текот на изминатите денови а и денеска, до нас стигнуваат реакции на родители и ученици средношколци, заради притисокот кои се врши врз учениците средношколци за нивно учество во националистичките протестите кои се организираат во средните училишта во Битола.
Вчера се дозволи, во текот на наставните часови да се читаат некакви соопшенија за повик на протест и да се делат флаери.
Недозволиво е во текот на наставата, покрај учениците, во училишните ходници да влегуваат и непознати лица, да скандираат, да трубат и да ги заплашуваат учениците и наставниот кадар кои ја одржуваат и следат наставата.
Се обраќаме до директорите на училиштата, како најодговорни лица во тие институции…
– Тргнете ги протестите од училиштата и грижете се за безбедноста на учениците во училиштата заради непречено одвивање на наставата затоа што тоа е Ваша законска обврска.
– Не дозволувајте поттик и партиски повик на протести преку читање на соопштенија без Ваш потпис за време на часовите, оти за тоа се одговара!
– Навремено побарајте помош од полицијата за оддржување на безбедноста на јавниот ред и мир.
– Не дозволувајте да бидете изманипулирани, уценети и приморани од Груевски и ВМРО ДПМНЕ да ги кршите законите и да инволвирате деца во нивните сценарија.
Државниот просветен инспекторат како и овластениот општински советник за образование, ВЕДНАШ да реагираат и да обезбедат непречена и континуирана настава.
Укажуваме, дека и Советите на родители и наставници треба и мора да ги преземат сите мерки за заштита на учениците!
Ги повикуваме граѓаните на Битола да останат мирни и спокојни, да не влегуваат во црните сценаријата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ за спас од одговорност за криминалите кои ги направија во текот на нивното владеење” вели на пресконференцијата потпретседателот на СДСМ, Васко Ковачевски.