„Оф Роуд Осогово“ Ве кани на јубилејното „Рели Калин Камен 2018“

Продолжувајќи ја традицијата востановена во 2009-та, и годинава на 24 мај Осоговските планини по десетти јубилеен пат ќе ги вгостат љубителите на брзини, авантура и природни убавини.

24-ти мај, денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и овој пат ќе биде повод на едно место да се соберат авто-мото ентузијастите од цела Македонија, но и од странство. Причина, традиционалното, во овој случај и јубилејно издание на ревијалната спортска манифестација, релито „Калин Камен 2018“.

spase

„Девет години по ред сум организатор на релито и учествувам секоја година, но годинава од оправдани причини сум спречен да присуствувам на јубилејното „Рели Калин Камен 2018“. Нашето здружение „Оф Роад Осогово“ како организатор на оваа манифестација сме горди што имаме низа успешни изданија и што ова рели стана своевиден бренд на градот. Секоја година имаме од 100 – 120 теренски возила, односно џипови и околу 60 мотори. Посебно задоволство е масовноста на релито. Имено, секоја година присуствуваат од 400 – 500 луѓе од сите генерации, од градот, соседните градови, но и од други држави.Покровител на манифестацијата сите години е општина Крива Паланка. “ – вели Спасе Алексовки претседател на кривопаланечкиот авто-мото клуб „Оф Роад Осогово“.

Благодарение на напорите на овој клуб и надлежните од локалната самоуправа, гости од земјава и странство, нормално и кривопаланчани, имаат прилика да уживаат во културно-историските и пред се природни знаменитости. Мотото е „Да ги запознаеме убавините на Осоговието“, а сите оние кои сакаат да го сторат тоа ги врзува една иста страст, љубовта кон екстремните спортови, возбудата и природата. Еден од нив е младиот кривопаланчанец Далибор Китановски кој еден од традиционалните учесници.

31945113_2463108723715268_3015751577974603776_n

“Досега имам учествувано 7 пати на Рели Калин Kамен. Бидејќи сум страствен вљубеник во автомобилизмот и авантурите во природа, не ја пропуштам можноста да учествувам на овој настан. Ми се допаѓа дружењето, доаѓаат од повеќе градови од земјава, но и од странство. Споделуваме искуства околу автомобилизмот…“  – вели Далибор Китановски од Крива Паланка кој е повеќегодишен учесник на манифестацијата.

„Последен пат возев со jeep grand cheroke, за оваа година планирам со Nissan Patrol. Инаку досега имам учествувано на повеќе релиа и тоа во Скопје, Штип, но и во соседните земји Бугарија и Србија. Јас одам таму учествувам, ги канам да дојдат на нашето рели. Навистина незаборавно искуство.“ – додава Далибор.

31957666_2042017345826448_3453103356082388992_nДолжината на патеката е 74 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, на кој се наоѓаат природни препреки: снег, кал, големи успони, зелена трева, камења, вода…

Висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв  (2.085 метри надморска височина).

10298826_863295457032410_181125262625675486_n

Патеката започнува на градскиот плоштад во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини кои се приклучуваат кон манифестацијата.

Учесниците може да учествуваат со теренски возила (џипови 4 х 4), АТВ и крос мотори.

IMG_7297 (Medium)

Секое возило мора да има екипа од минимум два члена екипа, а максимум четири, и тоа возач и три совозачи. Возачот и еден од совозачите мора да поседуваат важечка возачка дозвола.

Котизацијата изнесува 600 денари и содржи храна и пијалоци за учесниците, како и одреден пропаганден материјал.

Возилата за учество треба да исполнуваат соодветни услови и тоа да бидат регистрирани , возачот и совозачот да носат сигурносни појаси, да имаат соодветни гуми и соодветна опрема, да залепат стартен број кој ќе го добијат од органзиаторите. Се забранува консумација на алкохол и се препорачуваа соодветно спортси дух кон останатите учесници и коректно однесување кон животната средина.

Се вози со стартни броеви, така што не смее да се претекнува во текот на возењето и треба да се запази редоследот на стартните броеви.

31957014_2463108683715272_2158377858316107776_n
Целта е настанот да успее како меѓународен препознатлив спортско-туристички бренд кој ќе генерира одлични ефекти врз економскиот развој во општината. Одговорните ги повикуваат заинтересираните да се пријават најдоцна до 20-мај. Котизацијата за учество изнесува 600 денари по возило, а стартните броеви ќе се делат и пред тргнувањето на трката, на 24-ти во 7 часот. Стартот е околу 8, а доколку се оди според планираното, учесниците попладнето околу 18 во „Св. Јоаким Осоговски“ ќе уживаат во пријатна атмосфера и топло манастирско гравче.

Повеќе информации околу пријавувањето за учество можете да најдете на општинската веб страна на градот домаќин krivapalankagov.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e