Родителите на средношколците бараат одговорност од директорот кој држи политички говор во училиштето

Педесетина родители на ученици од прилепската гимназија, денеска протестираа во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“, побараа одговорнос од директорот Кире Николоски, кого вчера учениците го снимија додека им држи политички говор во училиштето. Родителите загрижени за образованието на децата, но и со надеж дека сите кои се спротивставиле на директорот и не заминале на протест, без последици ќе го продолжат школувањето, бараат итна интервенција од Државниот просветен инспекторат и од Општина Прилеп, која што го именувала Николоски за директор.

Родителите по полчасовен протест, барањата ги доставија во гимназијата. Директорот Николоски во моментот, не бил на работа.

Но, тој вчера беше дециден, дека не држел политички говор, туку дека со учениците разговарал за националните интереси.

Овој скандал во прилепската гимназија беше повод за прес-конференција на прилепските социјалдемократи, кои  побараа кривична одговорност за Николоски, затоа што, според нив, поттикнувал етничка и национална омраза. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е Николоски, застана во негова одбрана, со став дека  директорот само демонстрирал љубов кон татковината, а бил „против двојазичноста и федерализацијата на Села и Заев“.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e