Реализирани два инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка

Минор коритото на Крива Река како дел од проектот „Реките не познаваат граници“, финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија е зафршен во навремен рок. Проектот спаѓа во групата на инвестициски проекти и опфаќаат изградба на минор корито на Крива Река, во централното градско подрачје во должина од 500 метри и уредување на вливот на Дурачка Река во Крива Река. Вредноста на проектот изнесува 499.987,75 евра од кои 243.636,64 евра беа наменети за Општина Крива Паланка за исполнување на целите и активностите на проектот.

„Цвет Компани“ од Скопје беше фирмата која во изминатите неколку месеци ги извршуваше градежните работи поврзани со минор коритото на Крива Река-дел 3 на потегот од т.н “Љиљаков мост” кон “Осички Мост” во должина од 300 метри.
Овој проект е целосно завршен и е издадено одобрение за употреба.

Напоредно на ова Општината аплицира и за средства за уредување на минор коритото по течението на Крива Река од Градскиот зелен пазар до населба Бегови Бавчи.

Покрај овој проект општина Крива Паланка може да се пофали и со реализација на проектот.

– Изградба на канализација во дел од с. Конопница во должина од околу 1300 м. покрај патот Штала -А2, со крак кон градските гробишта.
Споменативе проекти се со вкупна вредност од околу 11.000.000 денари, а финансиските средства беа обезбедени од Бирото за регионален развој и Буџетот на општина Крива Паланка. Двата проекти беа завршени во предвидениот рок за изградба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e