Вчера попладне во Чаир е повреден 31-годишен маж откако во него било пукано додека се движел по улица. Бил ранет во нога.
– Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е. А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираа од МВР вчера.
Повредениот во болница го донел неговиот брат којшто на полицијата ѝ појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на инцидентот. Повредениот е надвор од животна опасност и му е укажана лекарска помош во старата градска болница во центарот на Скопје.