Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Е.М (29) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека во негов објект во изградба на патот Сарај-Матка, каде работел со негов пријател, дошле неговиот татко Е.М.(57) и неговиот чичко С.М.(45), со кои што имал претходни деловни недоразбирања, а откако им рекол да го напуштат објектот тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот и го оштетиле неговото патничко возило.
По преземени мерки полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.М., а при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и патрони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
