Проф. Жулина Митовски од Крива Паланка е прогласена за најдобар наставник во поранешна Југославија

Професорката по музичко образование Лариса Жулина Митовски од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка викендов од Белград се врати со престижната титула “Најдобар наставник во поранешна Југославија”.

74347377_472591946943963_5841963405908377600_n (1)

Признанието го доби во конкуренција на 80 пријавени просветни работници од просторите на поранешна Југославија кои беа дел од Третата акредитирана регионална конференција „Светот на образованието ги брише границите“ која се одржа во главниот град на соседна Србија.
„За мене е огромна чест што ја добив оваа титула. Се вреднуваше мојот целокупен педагошки труд и постигнувања во областа на образованието. Оваа титула е признание и за моите ученици и нивните родители, од кои секогаш добивав поддршка во работата.“ – вели професорката Жулина Митовски.

73504777_2525595680827912_2099605109225816064_nОд земјава добитник на титулата е и професорката Марија Максимова, вработена во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Учесниците на конференцијата ја истакнаа професионалната организација на конференцијата на најуспешни наставници која, како што велат, ќе биде мотив за да продолжат да работат на реформи во образовниот процес. Конфернцијата е во организација на Асоцијацијата на најдобри наставници од регипот, чии основачки се Весела Богдановиќ и Жељана Радојчиќ Лукиќ. Целата на оваа непрофитна организација е поврзување на наставниците ентузијасти од сите земји од екс земјите од Југославија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e