Пробиштипските основци меѓу првите во фудбал и одбојка

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, во конференцската сала при Домот на култура „Злетовски рудар“,организираше прием на учениците, спортисти, од општинските училишта.

Младите одбојкари од ООУ „Браќа Миладиновци“ на неодамна завршениот републички натпревар во одбојка – машки за ученици од основните училишта го освоија второто место, доека младите фудбалери, членови на училишниот спортски клуб при СОУ „Наум Наумовски Борче“ во футсал, го освоија првото место и се државни шампиони.

Учениците во придружба на своите ментори Емил Спасовски и Јонче Ѓеорѓиевски, заедно со директорките на училиштето беа на прием кај градоначалникот Анастасов, кој честитајќи им го успехот и заблагодарувајќи им се за постигнатиот резултат и достојното претставување на општина Пробиштип им вети поголеми вложувања во спортот во иднина.

На учениците и на менторите им додели благодарница за достојно претставување на општина Пробиштип, пракса која со години се применува во вакви и слични настани, се со цел мотивирање на младите за да спортуваат и да се насочат кон убави и позитивне нешта, а што подалеку од секојдневните пороци, кои ги демнат на секој чекор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e