Признание за Жерновски од Здружението на пензионери

За четиригодишната успешна соработка, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска доби признание од Здружението на пензионерите на општина Центар.
Претседателот, Павле Саздов, се заблагодари за, како што рече, одличната соработка со Жерновски.

„Општина Центар е единствената општина која што има пензионерски клубови во сите месни заедници. Никој од моите колеги по другите општини нема такво разбирање и вземна комуникација како ние со нашата општина и нашиот градоначалник. Чест и задоволство ми е што можам да кажам дека само општина Центар и Жерновски ја сфаќаат важноста на добрата комуникација и соработка. Продолжуваме и натаму да работиме заедно“, рече Спасов.

„Општината мора да соработува со пензионерите за да им овозможиме поквалитетен живот на нашите возрасни граѓани“, рече Жерновски, заблагодарувајќи се на признанието кое, рече, многу му значи, вети уште поголема соработка и реализирање на нови проекти.

Општина Центар во изминативе 4 години отвори 4 пензионерски клубови, во кои пензионерите имаат можности за креација и дружење. На следната седница на Советот на општина Центар градоначалникот ќе достави предлог за отворање на 5-тиот клуб, кој ќе се наоѓа во катната гаража кај Судска палата.

Од буџетот на општината се плаќа за режиските трошоци, весници и се погрижи во овие клубови пензионерите да можат заедно да ја следат телевизиската програма.

Еден од проектите со кој се гордее општината и градоначалникот Жерновски, е проектот „Центар се грижи за возрасните“. Осумдесет и осум наши сограѓани добиваат професионална нега во своите домови.
Жерновски и Спасов се договорија секој заинтересиран граѓанин кој ги исполнува условите и сака да биде дел од овој проект, да биде евидентиран и од нив за да може и Здружението на пензионери на општина Центар да помогне на што поголем број на возрасни лица да ја добијат потребната нега и помош.

Жерновски е горд што ова признание го доби на 70-годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e