Прилеп: 39-годишен маж допирал по телото малолетничка, а претходно две години ја следел

СВР Битола информира дека на 04.05.2026 во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен прилепчанец пријавил дека неговата малолетна ќерка во период од околу две години била следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец.

Според пријавата, осомничениот во текот на вчерашниот ден во продавница ја допирал по телото.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e