Престрелка во „Александар Палас“

Вооружена престрелка се случила синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје, соопштија МВР.

Оттаму велат дека нема повредени лица.

„На 01.12.2019 г. околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e