Повеќе стимулативни мерки за младите од Крива Паланка усвоени од Советот

Со одлука на Советот на Општина Крива Паланка усвоени се нови мерки за субвенционирање на младите, студенти и млади-невработени лица од општината.

Новите сет мерки се воведуваат првпат од оваа година и ќе се финансираат од буџетот за 2023.

-Младите се постојано во фокусот на нашата работа бидејќи тие се иднината. Моите заложби заедно со Советот на Општина Крива Паланка, за поддршка на младите продолжуваат преку најновите мерки: субвенција за студенти-бруцоши за купен дигитален уред во тековната академска 2022/23 година, субвенции за млади-невработени лица до 29 години, за набавка на дигитален уред и согласност за бесплатни термини за користење на спортски објекти од страна на младите, кои е најважно да бидат здрави и да формираат здрави животни навики, посочи градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Советот на Општина Крива Паланка ги увои одлуките за горенаведените намени, определен е максимален износ на финансии за поединечна субвенција и максимален број субвенции за доделување, а сите заинтересирани можат да се обратат за информации кај овластениот службеник за млади во општината, Даниела Милошевска.

Одлуките се објавени на општинската веб-страница каде детално се опишани условите, критериумите и начинот на користење на наведените мерки: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/31110.

Општина Крива Паланка во 2023 година првпат воведе субвенции за набавка на велосипед за млади, еднократна парична помош за сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e