Потпишан договор за изградба на пешачка патека –локалитет висока зона лев брег

Пешачко-рекреативна патека во должина од 868 метри ќе се гради по течението на стара вада во Крива Паланка, во урбаниот дел на високата зона-левиот брег од градот.

Денес градоначалнкот Борјанчо Мицевски  го потпиша договорот со изведувачот на градежни работи „Белешков инженеринг ДООЕЛ“, Крива Паланка.

Патеката ќе се гради во рамки на проектот „Туризам без граници“ кој општина Крива Паланка го имплементира со општина Витина, Република Косово, во рамки на ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, а дел финансисра со сопствено учество и општината.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Покрај патеката, предвидено е да се  изградат  и два видиковци, како и да биде поставена урбана опрема, информира Јорданчо Миневски, координатор на проектот.

– Проектот во општина Витина исто така ќе бидат извршени инфраструктурни проекти за пет објекти во насока на промоција на туризмот. „Туризам без граници“ предвидува и обуки за туризам : еко туризам и онлајн туризам, како и обука за туристички водичи, поставување информативни табли со опис на културно-историското значење на 14-туристички објекти и локалитети во Крива Паланка и студиски посети на Република Црна Гора, Албанија и Србија, дополнува Jорданчо Миневски, проект-координатор на „Туризам без граници“.

Проектот е со вредност од 83,5 илјади евра,а трае од 4  јануари  2018  до 4 јули 2019 година.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e