Поранешни ученици од велешката гимназија прославија 60 годишнина од матурирањето

Поранешни ученици од велешката гимназија „Кочо Рацин“ од генерацијата 1956/57година денеска на свои 78 години возраст, со училишен час во просториите на Гимназијата, одбележаа јубилеј 60 години од своето матурирање.

Традиционално во училишните клупи тие се потсетија и евоцираа спомени од својата младост.

Потоа ја посетија и новата зграда на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Нивната професорка по француски јазик Лилјана Бојаџиева Ѓорѓиева и самата во тоа време студент на завршна година на студии, евоцирајќи спомени од тоа време оцени дека тоа била една прекрасна генерација која вредно учела и постигнувала одлични резултати.

Стефан Ѓорчев ученик од оваа генерација сега инженер во пензија, вели дека тоа била генерација од која произлегле врвни кадри: професори, инженери, лекари, адвокати, работници. Од генерацијата која броела 150 ученика денеска се живи 35, а од кои на средбата се присутни 25.

-Ние денеска живееме во Велес,Скопје,Битола и други градови и не има насекаде во светот во Канада и други земји.Се радувам многу на оваа генерациска средба со своите соученици,а кога пак можеме да се собереме,да се видиме и да си евоцираме спомени од младоста.Некои од нас кои живеат во Скопје често се собираме и таму, но посебно не радува кога сме во родниот град Велес,потенцира Ѓорчев кој живее во Скопје, но има куќа и во Велес.

Тој потсетува дека тие се последна генерација која учела до осми клас гимназија и потенцира дека се горди на Велес кој е град каде била основана првата гимназија, како и првата библиотека првиот театар, првото музичко училишта и по многу нешта бил предводник на културата во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e