Поради минирање во прекин сообраќајот на делницата Длабочица – Чатал

Од 13:00 до 16:00 часот денеска ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 Куманово – Крива Паланка, делница Длабочица – Чатал, на четири километри по крстосницата за Кратово и сообраќајот ќе биде во прекин околу два часа.

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e