Полициски службеници нападнати со секири при интервенција во Кочани

На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e