Починатиот велешанец бил позитивен на коронавирусот

78-годишен велешанец кој почина ноќта меѓу 31 март и први април бил позитивен на коронавирус, кажаа од семејството на починатиот, кое за тоа било претпладневно информирано од Центарот за Јавно здравје Велес по постхумниот тест. Според СДК семејството сега бара да биде тестирано за коронавирус. Ова е деветти случај на заразен со коронавирус во Велес. До вчера, во земјава има 430 заболени, од кои 20 излечени и 12 починати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e