По повод денот на полицијата положено цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во Крива Паланка

По повод Денот на полицијата 7-ми Мај, денес делегација на Општина Крива Паланка положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски пред ОВР Крива Паланка.
Општинската делегација ја предводеше градоначалникот Борјанчо Мицевски, а на истата се приклучи и директорот на АФПЗРР Никола Бабовски и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

3

„Ви благодариме за вашиот придонес за граѓаните и општеството. Со вас сме секогаш безбедни и сигурни. Битката со коронавирусот ќе ја добиеме благодарение на вашата помош и посветена работа.
По повод Денот на полицијата 7 мај положивме цвеќе на споменикот на загинатите македонски бранители Горан Стојановски, Момир Стојановски и Јане Јакимовски пред Полициската станица во Крива Паланка.“ – стои во честитката од Николовски по повод Денот на полицијата. 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e