Пакети со храна и хигиенски средства донирани на кривопаланечкото семејство каде има едно лице заразено со корона

Градоначалникот на Крива Паланка Борјачно Мицевски денеска заедно со претставници на Општина Крива Паланка и ОО на Црвен Крст извршија посета на семејството во кое има едно лице заразено од корона и им донираа прехрамбени производи и хигиенски средства.

„При посетата освен насоките како да се постапува во кругот на семејатвото и да се почитуваат препораките за изолација, беше изразена подготовеност од страна на Општина Крива Паланка, но и од сите институции на локално ниво, да се пружи максимална поддршка и помош на членовите на семејството При посетата се донирани пакети со прехрамбени продукти, хигиенски средства и средства за дезинфекција. Справувањето со последиците од оваа криза е наша заедничка обврска.“ – порача Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e