Oпштина Крива Паланка воведе реонска комунално редарска служба

Во текот на спроведувањето на Законските прописи многу е важен сегментот како надлежните органи за тоа си ја вршат својата работа. Добро завршена работа од нивна страна значи и подобра јавна чистота и комунален ред, чисти јавни и сообраќајни површини, како и она најважното заштита на воздухот кој секојдневно го дишеме.

Се со цел поефикасно извршување на надзорот во спроведувањето на Законските прописи општина Крива Паланка воведе реонска комунално-редарска служба. Оваа служба ќе се грижи деноноќно за одржување на чистотата во градот и тоа: депонирање и собирање на отпадот, спречување да се создадат диви депонии,заштита на комуналната инфраструкура, испуштање на отпадните води, чистење на снегот во зимскиот период,оджување на сите јавни површини итн.

Оваа новововедена служба ќе се грижи за горенаведените активности и тоа во одреден реон.Реонската комунално редарска служба ќе има за цел да изрекува опомени и мандатни казни за несовесните сторители на недозволен чин и непочитувачи на изречените мерки.

-Градот и пригратските населби се поделени во три реони во кои секојдевно ќе патролира по еден униформиран комунален редар. Реонските комунални редари ќе имаат за задача да контролираат неделно по пет населби со по петнаесет улици.

-За таа цел упатуваме еден апел до сите граѓани во општината и до правните лица соодветно да ги почитуваат укажаните и изречените опомени издадени од страна на реонската комунално редарска служба,бидејќи во спротивен случај против нив ќе бидат преземени сите мерки, согласно законските прописи-истакна Бранко Велиновски-Раководител на одделениео за инспекциски надзор во општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e