Општина Крива Паланка објави јавен повик за изнајмување на објекти на градскиот плоштад

Општина Крива Паланка објави јавен повик за изнајмување на објекти на градскиот плоштад.
По повод Новогодишните и Божиќните празници и празникот Богојавление – Водици, Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка во центарот на градот (Градски Плоштад), за периодот од 15.12. 2021 година, па заклучно со 19.01.2022 година, дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 5 дена, сметано од денот на објавување на Јавниот повик.
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.

Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на:

Греано вино
Храна
Печени костени
Крофни и палачинки
Кафе и топли напитоци
Новогодишни пакетчиња
Новогодишни честитки
Сувенири и ракотворби
Детски играчки
Текстил
Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 15.12.2021 година до 19.01.2022 година.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e