Општина Крива Паланка ќе донира 100.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Општина Крива Паланка ја искажува својата солидарност и хуманост кон настраданото население во Турција и Сирија.
Согледувајќи ја актуелната ситуација по однос на големата трагедија од земјотресот во Турција, Советот на Општина Крива Паланка денес оддржа вонредна седница, која е свикана по иницијатива на советничката група на СДСМ и коалицијата.
На вонредната седница, едногласно е усвоена одлука за доделување парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, сума во висина од 100.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e